Лога: Со почетокот на работното време ќе ја започнеме постапката за екстрадиција

236

Министерот за правда Кренар Лога, изјави дека со почетокот на работното време на Министерството, почнува и постапка за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за двојно убиство на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

„Со почетокот на работното време, започнува и постапка за екстрадиција на лицето“, изјави Лога за ТВ21.

Палевски беше уапсен вчера во Баликесир. Тој се обидел да замине во Истанбул, но направил симулирање, и набрзо се вратил во Баликесир. Министерот Спасовски соопшти дека бил уапсен на автопат движејќи се пешки.

Уапсен е Љупчо Палевски – Палчо! Отворена истрага за двете убиства