Литија со иконата на Богородица Скоропослушница/ФОТО

113

Голем број верници од Струмица, но и повеќе други градови од државата се поклонија пред чудотворната икона на Богородица Скоропослушница.

По пауза од две години поради пандемијата,Струмичката Православна Епархија повторно организираше свечена литија со иконата на Пресвета Богородица.

Свеченостите започнаа вчера со вечерна служба а продолжија денеска со Света божествена литургија, по што свечената поворка тргна низ централниот дел на Струмица се до плоштадот,,Гоце Делчев“,каде одржа молебен на Пресветата мајкаБожја.

На присутните верници им се обрати и викарниот епископ Стобиски господин Јаков.

,, Не се собравме денес да ја прославуваме или честдаиоддадеме, таа нема потреба од тоа,туку се собравме да и се заблагодариме сето ова и за многубројните нејзини чуда и чудотворства и грижа за нашиот народ. Тука сме да ја замолиме и да ја поканиме да влезе во нашиот живот, во нашите срца и да не научи бидејќи таа најдобро знае како се прави тоа. Онаа чијашто утроба стана Богородична,а Светите отци на чело со Свети Григориј Палама велат дека таа пред да го прими Богвоплотен во својата утроба го роди во своето срце.,, рече Г. Јаков Виикарен епископ Стобиски.

За верниците повторното одржување на литијата претставува Божји благослов и настан кој со нетрпение го очекувале цели две години.

Иконатана Богородица Скоропослушница во Струмица беше донесена пред неколку години како подарок од братството на манастирот Дохијар на СветаГора.

Во светот има само пет копии од оваа икона, една од нив е таа во Струмица.

Годинава освен на иконата на Пресвета Богородица Скоропослушница верниците имаа можност да се поклонат и пред светите мошти на Св.Гаврил Велички, Св.Василиј Велики и Св.Првомаченик Стефан.

З.Ѓ.