Литванија испрати силна порака: „Путин, Хаг те чека!“

99
фото: Lithuania MFA Twitter

Литванија испрати силна порака до рускиот претседател Владимир Путин откако Меѓународниот суд на правдата во Хаг издаде налог за негово апсење.

Министерството за надворешни работи на земјата на Твитер објави фотографија од транспарент на облакодер во литванскиот главен град Вилнус на кој пишува „Путин, Хаг те чека“.
Градоначалникот на Вилнус, Ремигијус Симасиус, во март минатата година ја напишал истата порака со боја во спреј на патот пред руската амбасада во градот, пишува Sky News.

За потсетување, Меѓународниот кривичен суд во Хаг вчера издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин за воени злосторства.