Која е Русинката која Хаг сака да ја уапси заедно со Путин?

1058
EPA-EFE/MIKHAIL METZEL/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Хашкиот суд вчера издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова. Правната пријава гласи: „воени злосторства“. Поточно, станува збор за депортација на деца од Украина во Русија, која наводно се вршела од февруари 2022 година.

Путин ја назначи Лвова-Белова на таа позиција во 2021 година. Таа неодамна се најде на насловните страници на различни медиуми кога на Телеграм напиша дека помага да се поврзат украинските деца со потенцијалните руски посвоители.

Во пролетта 2022 година, Лавов-Белова посвои украински тинејџер од Мариупол, град кој беше нападнат од Русија непосредно пред тоа. Детето наводно го користела како пример за добра транзиција бидејќи, како што изјавила, по неколку месеци почнал да ја „сака Русија“.

„Кога ги донесовме во московскиот регион, тие зборуваа негативно за Путин, кажуваа секакви грди работи, ја пееја украинската химна и слично. Значи, вистина е, на почетокот може да има некаква негативност, но потоа тие се претвораат во љубов кон Русија“, изјави Марија Лвова-Белова, пренесува  Newsweek.