Пациентите со цистична фиброза денеска одржаа протест пред Владата.
Со транспаренти со написи „Имаме право на лек“, „Здравје – основно човеково право“, „Сакаме лек, а не комодитет“ и „Ретки сме и постоиме“, пациентите со цистична фиброза поддржани од стотици граѓани пред Владата, побараа уште еднаш да им се обезбеди модулаторна терапија и соодветни услови за хоспитализација.
Фото: П.Стојановски
Според податоците од статистиките, во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, а голем дел од нив се млади и деца.