МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО АВИОН: Жена ги покрива голите гради – остана без горен дел во пресметка меѓу 15 жени/ВИДЕО

199

Масовна тепачка во која учествувале дури 15 жени, наводно, избила во четвртокот на летот на Гол ерлајнс од Ел Салвадор до Сао Паоло, Бразил.

Жените си удирале шлаканици и врескале, додека патниците зачудено го гледале хаосот, а членовите на екипажот се обидувале да ја прекинат пресметката и да ја смират ситуацијата. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како жените се удираат и си ја влечат косата додека екипажот се обидува да ги раздвои.

Масовната тепачка кулминираше кога една жена остана без кошула, покривајќи ги голите гради со рацете.

Како причина за расправијата е наведена расправијата меѓу мајка и сопатничка која не сакала да ги смени седиштата, за да може да седи со своето дете кое има посебни потреби. Наводно, вознемирената мајка прва почнала да ја удира сопатничката. Расправијата набрзо прераснала во масовна тепачка меѓу две групи жени, наводно од две семејства кои патувале со авион.

Инаку, тепачката избила додека патниците чекале да полетаат од аеродромот Баја во истоимената сојузна држава. На крајот, стјуардесите сепак успеале да извлечат 15 патници од авионот кој полетал со речиси два часа задоцнување.