Легализација на канабисот во Германија: Што е сега дозволено, а што не?

Пушењето канабис на многу јавни места, но не на сите, ќе стане легално од 1 април. Дозволено е поседување до 25 грама на јавни места, а во приватни куќи законската граница ќе биде 50 грама.

301

По децениски дискусии, Бундестагот на 23 февруари донесе закон за делумна легализација на канабисот во Германија. Според законот, на оние над 18 години во Германија ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количини канабис, но строгите правила ќе го отежнат купувањето на дрогата. За приврзаниците тоа е долгоочекуван крај на криминализацијата, за противниците тоа значи зголемување на опасноста младите сега да се свртат кон потешки дроги уште повеќе од порано

Пушењето канабис на многу јавни места, но не на сите, ќе стане легално од 1 април. Дозволено е поседување до 25 грама на јавни места, а во приватни куќи законската граница ќе биде 50 грама.

Што точно е легализирано, а што е забрането во Германија?

„Клубовите за некомерцијално одгледување марихуана ќе можат да работат од 1 јули. Ќе биде дозволено формирање на таканаречени здруженија за одгледување, во кои до 500 членови кои живеат во Германија ќе можат да одгледуваат канабис и да си го продаваат меѓусебно – најмногу 50 грама по член месечно.

„Лицата кои претходно биле осудени за поседување или одгледување „трева“ (до 25 грама или не повеќе од три растенија) можат да побараат нивното име да се отстрани од федералниот регистар“, наведува за Дневникот на српската ТВ Нова, новинарката Данка Бруин, која живее и работи во Штутгарт.

Таа напоменува дека јавната потрошувачка ќе остане забранета, меѓу другото, во училиштата, спортските објекти и во околината на тие објекти – поточно сто метри воздушна линија од влезот во тие објекти. Воедно, до 20 часот ќе биде забрането пушење трева во пешачките зони.

Малолетниците фатени со канабис ќе треба да учествуваат во т.н интервентни и превентивни програми, вели Бруин и посочува дека најдоцна 18 месеци по стапувањето во сила на законот ќе се направи првична проценка, меѓу другото, како легализацијата влијае на заштитата на децата и младите.

Министерот за здравство Карл Лаутербах тврди дека претходната политика кон „лесните дроги“ пропаднала.

„Канабисот е супстанца која создава зависност, околу десет проценти од редовните корисници на канабис развиле зависност. Редовното консумирање на возраст под 25 години може да предизвика трајно оштетување на мозокот.

„Легализацијата ќе им овозможи на повеќе луѓе да пробуваат дрога“, предупреди тој.

Засега нема да има посебни лиценцирани продавници за продажба, а дистрибуција во продавниците се планира за понатаму.