Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М) е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за францускиот интернационалец Карим Бензема. Бомбардерот на „кралскиот клуб“ е сериозно заинтересиран за неморалната понуда која што ја доби од Ал Хилал чии челници му понудија годишна плата од 100 мил. евра. Поради таа причина раководните лица на Реал (М) планираат да испратат понуда за аргентинскиот интернационалец од редовите на Интер, Лаутаро Мартинез.