Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона ја започнаа потрагата по играчот кој од следната сезона треба да биде замена за уругвајскиот интернационалец Луис Суарез.

Челниците на старо-новиот шампион на Шпанија се свесни дека искусниот напаѓач уште една сезона може да игра на највисоко можно ниво и поради таа причина мора за време на летниот преоден рок да биде ангажиран неговиот наследник.

Изборот паднал на францускиот интернационалец од редовите на Арсенал, Александре Лаказет кој е проценет на 70 мил. фунти.