ЛАДЕН ТУШ ЗА ПРИШТИНА, Мицотакис испрати јасна порака од Белград: Не го менуваме ставот за Косово

2128
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција нема да го признае Косово и дека ставот на Атина по ова прашање останува непроменет.

– Секогаш кога сум во Белград се чувствувам како дома и сакам да ви се заблагодарам за гостопримството. Дојдов со четворица министри и голема бизнис заедница. Сакаме дополнително да ги продлабочиме нашите инвестициски односи. Имавме многу добри билатерални контакти – рече грчкиот премиер.

Тој му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговото гостопримство и му посака среќа на ЕКСПО 2027 година“.

– Ние ве поддржуваме на вашето европско патување. Зборував за проширувањето многу пати во Брисел. Белград треба да ги искористи поволните околности. Има европска иднина за Србија и Западен Балкан. Тоа е нашата стратешка цел – рече Мицотакис.

– Претседателот Вучиќ ме информираше за дијалогот со Приштина. Нашиот став за Косово останува непроменет – заклучи премиерот на Грција.