Лавров: Блинкен избега како кукавица

Блинкен и Борел се „едноставно кукавици“ кои се обидоа да ме изолираат и се плашат од искрени разговори поткрепени со факти, обвини денеска од долгата прес-конференција во Скопје, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја одлуката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел да заминат пред да пристигне тој на 30-от министерски совет на ОБСЕ во Скопје, додека, како што истакна шефот на руската дипломатија, тој се уште е тука и по два дена и ја чувствува топлината и гостопримството на македонскиот народ. Лавров рече дека не му била потребна покана за да дојде во Македонија на Самитот на ОБСЕ, туку тоа е одговорност за неговата земја. Тој го обвини Западот оти изминатите две години води хистерична хибридна војна против Русија и обвини дека се обиделе со фотографии од вечерата да го претстават како изолиран во Скопје.

801

Блинкен и Борел се „едноставно кукавици“ кои се обидоа да ме изолираат и се плашат од искрени разговори поткрепени со факти, обвини денеска од долгата прес-конференција во Скопје, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја одлуката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел да заминат пред да пристигне тој на 30-от министерски совет на ОБСЕ во Скопје, додека, како што истакна шефот на руската дипломатија, тој се уште е тука и по два дена и ја чувствува топлината и гостопримството на македонскиот народ. Лавров рече дека не му била потребна покана за да дојде во Македонија на Самитот на ОБСЕ, туку тоа е одговорност за неговата земја. Тој го обвини Западот оти изминатите две години води хистерична хибридна војна против Русија и обвини дека се обиделе со фотографии од вечерата да го претстават како изолиран во Скопје.

-Мојата портпаролка ми покажа две различни фотографии од самитот објавени во медиумите. Првата беше од неформалната вечера на која присутните направија заедничка фотографија. Сега ми е јасно зошто го направија тоа – за да се осигураат дека медиумите ќе го објават тоа и ќе кажат дека дошле сите освен министерот Лавров, кој е изолиран. Но, отворањето на самитот беше вчера наутро и другите медиуми објавија фотографија од утринската сесија каде што беа присутни сите земји вклучувајќи ја и Руската Федерација која ја претставувам јас заедно со моите колеги. Јас бев присутен на утринското официјално отворање на собирот на ОБСЕ. А немаше лица од Украина и Балтичките државни, ниту пак беа Блинкен и Камерун, ниту Борел. Зошто го направија тоа? Веројатно сакаа да ја нагласат нивната намера за изолација на Русија, но мислам дека едноставно постапија кукавички. Тие се едноставно кукавици кои направија обид да ме изолираат.  Се исплашија од искрен разговор поткрепен со факти, рече Лавров.

Шефот на дипломатијата на Русија оцени дека на ОБСЕ му нема спас, а самитот е за одредена група луѓе, а не за сите граѓани, иако, како што рече, македонскиот претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи промовираше многу добар слоган „За луѓето се работи “. Според Лавров, не постои шанса за спас на ОБСЕ и нема причини да се слави 30 годишнината на ОБСЕ затоа што, како што рече Лавров, Организацијата е деградирана на сите полиња, а говорите на западните министри на Самитот во Скопје се доказ дека тие не ја научиле лекцијата. Лаворв рече дека ОБСЕ е во колапс и дека безбедноста на континентот е нарушена, додека Москва била единствениот глас на разумот дека ОБСЕ е формирана заради соработка за безбедност, додека Западот е деструктивен и не ги почитува носечките начела на Организацијата.

-Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен за резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група луѓе, а не за сите граѓани. За Украина немаше реакции од Западот при спроведувањето на нејзината воена операција против Русите во Донбас од 2014 година, ниту санкции од Западот додека Украина не го признаваше Крим и Донбас. Лидерите на Западот ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ. Истите кои велат дека сега за првпат има војна на Европа по Втората светска војна, не сакаат да кажат дека во 1999 година Белград беше уништуван со бомби на НАТО. На Западот нема ниту Д од демократија. Гледам како се прават напори за продолжување на ваквата агонија. Што ќе се добие со продолжување од неколку месеци, шест месеци или година. Организацијата се претвори во нешто, кон што сум индиферентен. Индиферентен сум за исходот од денешната сесија, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

На неформалната вечера во земјава во средата, која му претходеше на 30-от Минситерски совет на ОБСЕ, покрај Блинкен и Борел присуствуваше и државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерон, кој исто така го напушти Скопје пред да пристигне Лавров. Пред да замине, Борел порача дека доаѓањето на Лавров на состанокот во Скопје е добра можност да може да чуе зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа да се врати во Москва и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудата на агресивното и незаконско однесување на Русија.

Денешната прес-конференција на рускиот министер засени дел од вториот ден на Министерскиот состанок, затоа што Лавров долго зборуваше, речиси час и половина и најголемиот број медиумски екипи, наместо на сесиите, останаа да ги слушнат неговите ставови, иако Лавров цело време им делеше лекции, ги прашуваше дали имаат дипломи за новинарство, ги советуваше да истражуваат и дури прашан кога Русија ќе ја прекине војната и ќе ја ослободи Украина, Лавров рече дека тоа е пропаганда, а не новинарство.

Присуството на Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје предизвика бојкот од страна на украинскиот шеф на дипломатијата како и на колегите од Полска и од Балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија, кои не дојдоа во земјава, а исто така и говорот на Лавров на состанокот беше бојкотиран од неколку делегации, меѓу кои и Украинската и Чешката делегација, кои ја напуштија конференциската сала додека Лавров нервозно изреагира: „Оставете ме на мира“.Сепак, првиот човек на руската дипломатија си го кажа своето. Тој ги обвини НАТО и ЕУ-земјите дека ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ и рече дека Организацијата е во жална состојба, била уништена уште во 1999 година и дека „нејзините перспективи се нејасни“. Откако и Лавров ја напуишти салата по својот говор, данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, прокоментира дека „толку е од дијалогот“ и дека тој не може да се води во негово отсуство. (В.С.Н.)

Со години имавте понижувачко име БЈРМ

Со години Македонија имаше понижувачко име – Поранешна југословенска Република Македонија, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и предупреди дека не Русија, туку западните сили се виновни за проблемите на Балканот. Тој рече дека сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија. Во однос на тоа како Русија гледа врз идентитетската агресија врз Македонија од Бугарија, Лавров рече дека не е голем експерт во македонско-бугарските односи, но посочи дека проблемите за регионот влечат корени од Западот.

-Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И ако даваме генерална оценка не само за односите со Бугарија, туку и на Балканот, би рекол дека коренот на овие проблеми лежи однесувањето на западните сили, кон поранешните југословенски држави, па и односот кон Словенија и Полска. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија, знаеме дека немате територијални претензии кон Грција и Бугарија. Се сеќавам и дека претседател на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

Лавров ги предупреди земјите во регионот дека Западот отсекогаш имал интерес да ги подбуцнува народите едни против други и им порача да не дозволат Западот да ги направи непријатели.

-Уверен сум дека народите на Балканскиот Полусторов минаа тешки историски премрежја, имаат заедники код и не смеат да бидат поразени и да му дозволат на Западот да станат непријатели едни со други. Во БиХ видовме дека три народи можат заедно да живеат, рече Лавров.

Лавров рече дека ги охрабрува етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги сузбијат сите националистички амбиции. Ги повика и да не се приклучуваат кон санкциите кон Русија, само, како што рече, за да исполнат одредени западни амбиции. Рускиот министер истакна дека има пријателски чувства кон Македонија и ја чувстувам топлината на македонскиот народ.