Тема за дилема, која ја мачи и македонската и српската публика, нивните огнени обожаватели. А, токму тука се крие зајакот. Да се прераскажува, а со самото тоа да се слуша и песната. Песната се вика „Посилна“ и веќе е добро позната од „Макфест 2023“. Сега има и видеоприказна изработена од „Sneak Media“
Дали има некои искри на љубов меѓу Кристина Димитри, поранешна македонска мис, а сега естрадна пејачка, и српскиот пејач Љуба Перуќица? Откако ќе го погледнете нивниот заеднички спот каде што има и некои еротски сцени, логично се поставува прашањето: дали само снимале или, можеби, и уживале? Тема за дилема, која ја мачи и македонската и српската публика, нивните огнени обожаватели. А, токму тука се крие зајакот. Да се прераскажува, а со самото тоа да се слуша и песната. Песната се вика „Посилна“ и веќе е добро позната од „Макфест 2023“. Сега има и видеоприказна изработена од „Sneak Media“. А, во приказната, како во некој краток филм, Љуба и Кики одлично ги толкуваат улогите. Се покажа дека се одлични и како актери, а не само како пејачи.
–
– Чест ми е да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. Неговата сопруга, Катарина, е убава и харизматична. Таа одлично знае што значи шоу-бизнис, па така немаше причина ни за трошка љубомора или сомнеж – вели нашата згодна Кристина (поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски).
Освен тоа, во меѓувреме, Катарина и Љуба станаа среќни родители, со што им останува на обожавателите, полни со бујната фантазија, само да озборуваат. Повеќе од тоа, здравје!
Комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е Стефан Стојановски. И на макфестовската сцена беше испеана комбинирано, на македонски и на српски јазик. Песната е мошне модерна аренби балада, која освојува на прво слушање и не се заборава.
Тука завршува прашината што се крена околу спотот, па сега останува само песната „Посилна“ да конкурира за еден од хитовите на годината, која пополека изминува. Д.М.