Кој побегна, побегна?! По референдумот, Кремљ оди чекор понатаму!

413

Рускиот независен портал Медуза, кој делува од странство, јавува дека руските власти планираат да ги затворат границите за мажи на возраст за мобилизација, повикувајќи се на извор близок до администрацијата на претседателот Владимир Путин.

Друг извор, исто така близок до администрацијата, вели дека тоа ќе се случи по „референдумите“ кои во моментов се во тек во самопрогласените „народни републики“ Доњецк и Луганск и окупираните украински територии во областите Керсон и Запорожје. Тие „референдуми“ завршуваат во вторник навечер.

Изворот, како што пишува Медуза, забележува дека ќе има нешто како „излезни визи“, односно мажите ќе треба да добијат дозвола од воената канцеларија за да ја напуштат територијата на Русија. Медуза претходно најави дека границите ќе останат отворени до крајот на „референдумот“ во вторник на 27 септември.

Во меѓувреме, на Твитер се споделува фотографија од документи за кои се тврди дека ги споделил познатиот руски активист за човекови права Павел Чиков. Документите, наводно, докажуваат дека на некои Руси веќе им е забрането да ја напуштат Русија.

„Делумната мобилизација“ во Русија започна во средата на 21 септември. Според рускиот претседател, припадниците на езервниот состав, кои имаат соодветни воени специјализации и борбено искуство подлежат на воена служба. На веб-страницата на Владата се наведува дека војниците и наредниците до 35 години, помладите офицери до 50 години и високите офицери до 55 години подлежат на мобилизација на „приоритетна основа“. Војниците и наредниците остануваат во резерва до 50 години, а генералите до 70 години.

Извор близок до едно од руските федерални министерства изјави за Медуза дека Русија планира да повика 1,2 милиони луѓе во армијата како дел од мобилизацијата, но, Кремљ тоа го негира.