Коцев: Изградба на нов комплекс за младите и пет нови локални патишта за поубаво Зрновци

37

Во изминатите години покажавме и докажавме дека само сплотени, со многу труд и пожртвуваност, можеме да ја постигнеме целта, да од општина Зрновци изградиме прекрасно место за живеење, светла дестинација за туристите и посетителите, успешна македонска приказна, преку реализирање на огромен број проекти, порача кандидатот за градоначалник на Општина Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ, Борчо Коцев при денешната средба со граѓаните.

Тој истакна дека програмата содржи идеи, предлози, решенија и потреби на граѓаните од општина Зрновци.

– Во четиригодишното работење, главен акцент ќе ставиме на економијата, зголемување на економската моќ на општина Зрновци, за подобар животен стандард на сите граѓани на Зрновци со донесување на правилна стратегија за локален економски развој, формирање на локален економски совет, привлекување на инвеститори и реализирање на економско исплатливи капитални проекти и инвестиции во трите населени места на општината, во Видовиште, во Мородвис и во Зрновци, додаде Коцев.

Тој вети и изградба на нов комплекс за младите – нов детски парк со фитнес зона на отворено, алпинистички појас и стаза за ролери,

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека е предвидена изградба на секундарна водоводна мрежа во село Зрновци со должина од 12 километри, изградба на зафат брана на Видовишка река во село Видовиште, изградба на зафат брана на Морошка река во село Мородвис, изградба на затворен пазар во село Зрновци.

Посветено ќе работиме и во сферата на инфраструктурата, урбанизмот, земјоделието, културата, туризмот, спортот и комуналниот развој за здрава животна средина транспарентно во сите три населени места, во село Видовиште, Мородвис и Зрновци, порача Коцев.

Тој додаде дека ќе се изградат и асфалтираат и пет нови локални патишта.