Контровезниот Аца Лукас за бракот со првата сопруга Соња: – Ме вреѓаше дека сум клошар, дека сум папучар

376

Нашите расправии беа страшни и скоро секојдневни. И пред децата. А, тоа е најлошото. Од силните викања ни излегуваа вените на вратот како да ќе експлодираат. Децата врискаа и пискаа! Плачеа! Пред нив ми поставуваше отровни прашања за мојот ергенски живот. Тоа не беа прашања, туку беше смртоносен рафал. Како од митралез!    

Контровезниот пејач Аца Лукас има зад себе пропаднат брак со Соња Вуксановиќ, но за причините кои доведоа да им се распука бајката, тој ги опиша во својата хит-книга “Тоа сум јас“. :

– Искрено ја сакав Соња. Меѓутоа, таа после три години брак почна да ме избегнува. Од авион се гледаше дека емоциите и се оладени кон мене. Почнав сам да спијам во дневната соба, а таа спиеше со децата во спалната. Спиев буквално на тросед. Не можев да спијам. Немав сон. Целиот потресен, разочаран, изгубен. По цели ноќи размислував каде згрешив во бракот? Нашите расправии беа страшни и скоро секојдневни. И пред децата. А, тоа е најлошото. Од силните викања ни излегуваа вените на вратот како да ќе експлодираат. Децата врискаа и пискаа! Плачеа! Најголемата грешка на Соња е што не се согласи на компромис. А, мојата најголема грешка е што и придадов премногу значење и ја направив да биде позната, создавајќи впечаток дека сме по тоа прашање рамноправни, што секако не е точно. Па, која е Соња за публиката? А, причината беше едноставна: сето тоа го правев за Соња, за да живее на висока нога. И не ми беше гајле што лушето ми велеа, дека сум папучар!

Јас бев единствениот што немав афера додека ја сакав жена ми. А, кога љубовта заврши немаше веќе смисла нашиот брак да постои. Јас сум многу фер кога сум во брак. Никогаш не влегував сам во кафеана, само со жена ми… Мојата драга Соња откако ме потисна со емоциите, таа почна да замислува дека е поважна од мене во мојата работа. Каков парадокс. Да не сакаше да биде пејачка, моја конкуренција?      И смешно и жално.

Тогаш, многумина ме прашуваа: како нашата врска влијаеше на децата? Страшно! Ужасно! Еднаш, во пресрет на моето патување за Цирих, дојдов на Бежанијска коса, каде што тие остаанаа да живеат. Сакав да ги видам децата, Софија и Викторија. Пред нив веднаш почна да ми поставува отровни прашања за мојот ергенски живот. Тоа не беа прашања, туку беше смртоносен рафал. Како од митралез!

-Пушти ме Соња, те молам, дојдов да ги видам децата. Патувам за Цирих, не ми поставувај простачки прашања пред нив, викав збеснато на неа. Таа беше уште повеќе дрска: – Клошару еден, ти ќе се поигруваш со мене! И јас и кажав страшно навредливи зборови: – Слушај сега невиспитана жено. Еве, да ти признам: можам со тебе да спијам само кога сум мртов пијан! Сепак, јас се уште ја сакав Соња, но и ведно ја мразев, затоа и ја навредував, искрено раскажа Аца Лукас за бурниот живот со Соња.    Д.М.