Книга: „Мртва коска“ – таму каде што најмногу нè боли

75

„Мртва коска“ е трет роман на Димче Парталоски, кој влезе во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за необјавен роман во 2022 година. Широката епска фреска со мноштво автентични ликови распнати помеѓу стварното и нестварното, помеѓу сонот и јавето, вистината и лагата, желбите и можностите, создава цел еден можен, реалистично-ониричен свет среде неможноста на нашето време. Сложената, вмрежена приказна за ликовите извајани од нашите стварносни небитија и населени во една зграда на улицата „Прашка“ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, продира до најдлабоките пластови на личното, но и на колективното, општественото. Отворајќи и затворајќи потресни судбини, поставувајќи болни македонски прашања, „Мртва коска“ е длабоко ангажиран роман во најубавата смисла на зборот. Нè носи таму каде што најмногу нè боли сите, впуштајќи ги малите луѓе од секојдневието во големите теми на денешницата.