Книга: „Војната на уметноста“ – раскрилете ја својата креативност

31

„Војната на уметноста“ на Стивен Пресфилд е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел. Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност. Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање… а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас. Победете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност…