Според податоците на Службата за климатски промени, 2023 година е најтопла година, оставајќи ја зад себе 2016 година, која досега го држеше рекордот.
Европската климатска служба Коперникус објави дека 2023 година би можела да биде најтоплата година во историјата, додека септември оваа година е забележан како најтопол од почетокот на мерењата, пренесува Анадолија.
Во периодот јануари – септември просечната температура е за 0,05 степени над 2016 година.
Минатиот месец температурата на воздухот беше 16,38 степени што е за 0,93 степени над просекот.
Тоа е за 0,5 степени повисоко од најтоплиот септември забележан во 2020 година. Така, септември 2023 година е забележан како најтопол септември.
Врнежи над септемврискиот просек се забележани на Пиринејскиот Полуостров, Ирска, северна Англија, Скандинавија и Грција, која беше зафатена од бурата Даниел.