Куче со човечка нога во устата го запали алармот кај мексиканските власти:Пронајдени 41 вреќа со човечки остатоци

150
Фото:EPA-EFE/Francisco Guasco

Семејства на повеќе од 112.000 лица исчезнати во Мексико се загрижени дека полицијата нема да го истражува местото кое се наоѓа на периферијата на градот Гуадалахара, поради недостиг на ресурси и долгиот празничен викенд, а местото веќе почнале да го раскопуваат кучиња скитници кои разнесуваат коски, поради што дел од доказите би можеле да биде изгубени.

Кучињата кои на почетокот на овој месец се видени со човечка нога и со глава, донесоа до откритија на места на кои е пронајдена 41 вреќа со човечки остатоци, а волонтерската група за потрага, која ги претставува семејствата на исчезнатите лица во западната држава Јаиско, стравува дека властите не се доволно ангажирани околу потрагата на теренот и дека „земаат слободни викенди и празници и не работат дополнителни смени со цел да се продолжи со оваа истрага“, поради што животните би можеле да ги уништат доказите и наоѓалиштето.

Картелското насилство меѓу фракциите во регионот трае со години, а стотици тела се фрлени на тајни локации. Наркокартелите често ги ставаат телата на егзекутираните ривали или киднапираат жртви во пластични кеси и ги фрлаат во плитки јами, каде што се наоѓаат во дивината од кучиња или диви животни кои уништуваат докази како што се тетоважи, парчиња облека или отпечатоци од прсти кои можат да помогнат да се идентификуваат жртвите.

Благодарение на животните веќе се откриени бројни гробници и бројни жртви.

Полицијата во јужниот дел на Оахака пронашла распарчено човечко тело откако забележала куче како трча по улица со човечка рака во устата. Откритието ги навело истражувачите да пронајдат други делови од распарченото тело, а неколку дена претходно биле пронајдени тајни гробници и во централната држава Гуанахуато, откако соседите забележале куче со човечка нога во забите.

Болните приказни не завршуваат тука. Пред неколку недели жителите во Закатекас виделе куче како трча по улица со човечка глава во устата, кое полицијата на крајот успеала да ја извлечат, пишува Дејли мејл.

Нарко картелите во Мексико често оставаат пораки покрај купишта распарчени човечки остатоци како начин да ги заплашат ривалите или властите. Во април 2022 година, наводно биле откриени шест отсечени глави на покривот на автомобил во Мексико, со предупредувачка порака: „Ова ќе му се случи на секој што ќе се плетка наде што не му е работа“, пренесува Си-Би-Ес њуз.