Полскиот ракометен шампион и европски вицепрвак Киелце, ќе биде ослабен на мечот против Еурофарм Пелистер во Битола. Левиот бек Симон Сичко, кој е најдобар стрелец на Киелце оваа сезона во Лигата на шампионите, нема да допатува во Битола.

Сичко е прв стрелец на Киелце, а втор стрелец воопшто во ЛШ со 36 голови, но се здоби со повреда на зглобот на мечот со ПИК Сегед. Освен Сичко, полскиот првак во Битола ќе биде и без десниот бек Алекс Душебаев, кој се рехабилитира по повредата.

Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Киелце се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.