Киев е бесен на Макрон: Нема смисла да се преговара

252

Украина го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да не се „понижува“ Русија во име на дипломатијата.

Од Украина велат дека нема смисла да се преговара додека не се повлечат руските воени сили. Запрашан за понудата за посредување, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак рече: „Додека не добиеме целосно вооружување, не ја зајакнеме нашата позиција и не ги туркаме руските воени сили колку што е можно подалеку од украинските граници, нема смисла да преговараме“.

Макрон, кој е во дијалог со рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, понуди да посредува во војната во петокот, предупредувајќи дека Москва не треба да биде понижена за да се отвори вратата за дипломатско решение на конфликтот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер остро ја отфрли логиката на Макрон, велејќи дека таквите повици „може само да ја понижат Франција и секоја друга земја што упатува таков повик“.

„Русија се понижува себеси и ќе биде подобро сите да се фокусираме на тоа како да ја ставиме Русија на нејзино место. Тоа ќе ни донесе мир и ќе спаси животи“, рече тој.