Кешот исчезнува, позната банка ги затвора филијалите: „Имавме само двајца клиенти на час“

14428

Познатата германска банка Рајфајзен Хохтаунус ги затвора филијалите низ земјата поради сè помалата потреба на граѓаните за готовина. Банката соопшти дека одлучила на невообичаен чекор откако забележала невообичаено ниска побарувачка за готовина во нејзините филијали. Таа, наводно, минатата година имала во просек по двајца клиенти на час.

Одлуката, сепак, нема да влијае на понудата на готовина. Преку соработка со големи трговски синџири, банката планира да им излезе во пресрет на своите клиенти кои сепак ќе можат да подигнуваат готовина, но веќе не во типична банкарска средина.

Драстичниот потег отвора уште поголемо прашање – дали ова може да биде почеток на крајот на ерата на готовина? Експертите велат дека и други банки би можеле да го следат примерот.