Познато е дека Кевин Дурант ја сака Евролигата. Овој пат, неговиот поранешен соиграч, Едмонд Самнер, кажа за него дека би можел да ја заврши кариерата во најсилното европско натпреварување.

По потписот со Жалгирис, Самнер изјави дека се надева дека шампионот во НБА ќе дојде на Стариот Континент.

  • Можеш да скокнеш, човеку. Ми се допаѓа КД. Тој е одличен соиграч и одлична личност. Се надевам дека ќе пристигне. Секогаш вели дека кога ќе заврши со НБА, сака да дојде овде и да игра. Па да видиме дали навистина ќе се случи тоа. Но, јас верувам во тоа, бидејќи тој едноставно ја сака оваа игра – изјави Самнер.