Кафе од ЕУ не може на пазарот: Магацините полни!

336

Стотици илјади тони кафе и какао складирани во магацини во Европската унија би можеле да бидат уништени како непредвидена последица на законот за уништување на шумите што стапи на сила во јуни годинава.

Законот забранува продажба на производи, вклучувајќи кафе, какао, палмино масло и гума, кои се одгледуваат во области каде што се уништуваат шумите, пишува „Фајненшл тајмс“.

Стоките складирани во ЕУ, во преодниот период кој трае до декември 2024 година, се сметаат за неусогласени со законот, поради што ќе мора да се продаваат надвор од ЕУ или да се уништат.