Каталонскиот гигант подготвува два спектакуларни трансфери

638
epa10288939 FC Barcelona's midfielder Frenkie De Jong (R) celebrates with his teammates after scoring the 2-0 during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and UD Almeria held at Spotify Camp Nou Stadium in Barcelona, eastern Spain, 05 November 2022. EPA-EFE/TONI ALBIR

Барселона дефинитивно има сезона за заборав, без освоен трофеј, а таквиот епилог ни малку не им се допаѓа на најверните фанови на каталонскиот гигант.

Јасно е дека Барса на лето ја очекуваат промени, а во соблекувалната ќе има многу нови имиња.

Приоритет за каталонскиот тим е освежување на нападот бидејќи Роберт Левандовски веќе има 36 години и не може да се очекува сам да ја одработи цела сезона на највисоко можно ниво.

Поради таквата ситуација раководните лица своето внимание го насочија кон двајца напаѓачи кои моментално настапуваат во англиската Премиер лига.

Прва опција е напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, кој зад себе има турбулентна сезона на „Енфилд“.

Навивачите на Ливерпул веруваат дека некои грешки на Нуњез го чинеа тимот во трката за титулата и борбата во Лига Европа, а дека нешто не е во ред меѓу уругвајскиот напаѓач и Ливерпул покажа и последната слика од профилот на Нуњез на Инстаграм, каде тој ги избриша сите фотографии поврзани со „црвените“.

Сепак, Нуњез не е единствената опција кога се во прашање летните аспирации на Барселона.

Според последните вести кои пристигнуваат оод Шпанија, каталонскиот гигант сака во своите редови да го доведе напаѓачот на Њукасл, Александар Исак.

Шведскиот напаѓач, кој има 24-години, имаше неверојатна сезона и во сите натпреварувања постигна 24 гола на 37 натпревари.

Неговата моментална вредност е 70 милиони евра, а со Њукасл има договор до летото 2028 година.

Ако сака Барселона, да ги спои Нуњез и Исак во нападот, ќе мора да издвои сериозна парична сума која ќе биде околу 150 мил. евра.

Најголем дел од трансферите би требало да се случат по ЕП 2024 во Германија, па месец јули ќе биде почеток на летното трансфер лудило.