Кариерата на Ентони Џошуа е ужас

103

Последниот и неприкосновен светски шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, напиша опширен есеј во кој говорепе за ситуацијата во која моментно се наоѓа тешката категорија во светот и прилично добро го искритикува британскиот боксер Ентони Џошуа, поради неголичното однесување во поглед на борбата со Дионтеј Вајлдер.

Џошуа во 2018 година имаше мечеви со дозеф Паркер и Александар Поветкин, а многумина му замерија на тоа што ја одовлекуваше борбата со Дионтеј Вајлдер, кој на почетокот од декември ги одмери силите со Тајсон Фјури, меч кој им пружи на гледачите вистински спектакл.

Луис, кој има 53 години, се натпреваруваше професионално од 1989 до 2003 година, а на Олимписките игри во Сеул 1988 година освои златен медал во супертешка категорија.

-Ужас кога во прашање е неговата кариера. Очекував во 2018 година да се бори против Вајлдер, но бескрајно сум разочаран што не дојде до договор. Кога ги слуишнав коментарите на Џошуа дека не се брза за борба со Вајлдер се шикирав. Разбирам дека тоа е бизнис, но како боксерски фан, сакав да видам таков дуел. Мислам дека тоа им го должат на гледачите, истакна Луис.

Ленокс во својата богата кариера има 41 победа на 44 меча, од кои 32 со нокаут. Посебно се паметат неговите мечеви со Евандер Холифилд, Виталиј Кличко, Мајк Тајсон и уште неколку великани од светот на боксот.