Натаниел Велтман, кој во 2021 година во Канада усмрти четири лица на тој начин што со камионетот удри во муслиманско семејство кое се движело по тротоарот, е суден на доживотен затвор.
Судијката Рене Померанс која не го именуваше напаѓачот, рече: „Ова е затоа што неговите постапки претставуваат терористичка активност. Всушност, може да се каже дека неговите постапки се учебничка дефиниција за терористичка активност“.
Таа исто така рече дека нема место за омраза и расизам во канадското општество и додаде: „Овој инцидент создаде страв и уништување кај луѓето во регионот. Ги убил затоа што биле муслимани“.
Натаниел Велтман беше обвинет за четири точки за убиство од прв степен и едно обвинение за обид за убиство за нападот на 6 јуни 2021 година во Лондон, град на околу 200 километри западно од Торонто.
Убиени се Џумна Афзал (15), нејзините мајка и татко Мадиха Салман (44) и Салман Афзал (46) и нејзината баба Талат Афзал (74).