По победата на МЗТ Скопје над Пелситер во плејофот, биле нападната навивачката група „Чкембари“, информираа од битолскиот клуб. Имено, на патот накај дома, „Чкембари“ се соочиле со една непријатна ситуација, односно автобусот со кој се превезувале бил каменуван и демолиран на излезот од Скопје, при што неколку лица биле повредени.

  • Згрозени сме и го осудуваме инцидентот кој го доживеаја навивачите од Битола, од навивачката група “Чкембари“ кога по завршувањето на првиот натпревар од финалната серија од плеј-офот на кошаркарската лига во Скопје, на излезот од Скопје кон Битола, во возење е каменуван и демолиран автобусот со кој патуваше навивачката група “Чкембари“ од Скопје. Повредени се и неколку лица, се вели м еѓу другото во соопштението.