Како коронавирусот целосно го заобиколи малото гратче во срцето на Ломбардија?!

504

Во ек на пандемијата на Ковид-19, која најмногу животи однесе во Италија, јавноста и научниците ги изненадува веста за гратчето во кое коронаворусот „не влезе“, a се работи за гратче, што се наоѓа во областа Ломбардија, епицентарот на епидемијата во Италија.

Италијанското гратче Ферера Ербононе, сместено на 50 километри од центарот на Милано во кое има околу 1.100 жители, е единственото место во земјата каде досега нема потврдено ниту едно заразено лице со новиот коронавирус. Тоа го привлече вниманието на научниците од Институтот Мондини, кои веќе се наоѓаат во гратчето и таму имаат намера да останата, со цел да пронајдат објаснување на „отпорноста“ на мештаните на коронавирусот.

Интересна хипотеза сугерира дека локалните жители на Ферера Ербононе развиле антитела способни да ги штитат од коронавирусот, што, доколку научниците ја најдат потврдата на ова во нивната крв, значително би можело да помогне во развој на вакцина.

Интересно е дека гратчето се наоѓа во Ломбардија во која се заразени повеќе од 25.000 жители, а починаа околу 8.000 лица.

Научниците ги интересира дали постои некој генетски фактор кој ги спасил од заразата со вирусот.

Градоначалникот Џовани Фасина дошол на идеја дека локалното население треба да биде тестирано за антитела на коронавирус. Покраинските здравствени власти го одбиле барањето на Фасина, бидејќи тој сакал испитувањето да го спроведе институт кој не е во мрежата на регионално одобрените лаборатории.