Во Италија е традиција на новороденото дете автоматски да му се дава презимето на таткото. Уставниот суд во Италија ја поништи таа одлука и го усвои предлогот презимето на нивното бебе да го изберат родителите, а бебето да го носи и презимето на двајцата родители.
Италијанките по децении чекање се изборија за историското право кое досега им беше ускратено – да можат на своите деца да им го дадат презимето. Одлуката е донесена благодарение на Уставниот суд со кој претседава Џулијано Амато.
Досегашната практика на користење на презимето на таткото е дискриминаторска и штетна за идентитетот на детето“, се вели во соопштението на судот.
Судот донесе одлука детето по раѓањето да го добие презимето на еден од родителите, за што се договараат родителите. Италијанската влада ќе мора да создаде и одобри нова легислатива за да ја спроведе одлуката на судот.
Во САД, секоја држава има свои правила во врска со имињата на новороденчињата запишани во изводот на родените. Повеќето држави бараат име и презиме, а некои бараат од родителите кои се во брак, во моментот на раѓањето на нивното бебе да го користат само презимето на таткото, според US Naming Laws by State, каде се консолидирани информациите за родените бебиња.
Во Мисисипи, бебето автоматски го зема презимето на таткото кога родителите се во брак, но може да му се даде и друго презиме.
„Со одлука на Уставниот суд ја менуваме досегашната практика и им признаваме еднакво достоинство и еднаква одговорност на двајцата родители“, напиша еден од членовите на советот.
„Одлуката дава јасна и цврста индикација, која потврдува дека изборот на нашиот Устав е избор на демократијата, која може да се каже дека е постигната само со целосна родова еднаквост. Мајките ќе го добијат истото достоинство како татковците, што е знак на напредна цивилизација“, изјави италијанската пратеничка Сесилија Д’Елија.