Аларм во Италија: НАТО активирал воени авиони поради хрватски Ербас – ја изгубил радиоврската

1302

Италијански извори јавуваат дека хрватскиот авион Ербас 320 на релација Стокхолм-Рим утрово ја загубил радио врската кога влегол во воздушниот простор на Италија.

Според овие извори, веднаш штом се случило тоа, нешто по 9 часот, САОС при НАТО (Комбиниран воздушен оперативен центар) во Тореион, во соработка со италијанското воено воздухопловство, издал наредба за полетување на два Еурофајтери од 4-та борбена ескадрила, за да го идентификуваат авионот.

Ловците воспоставиле визуелен контакт со хрватскиот авион, констатирале дека нема ништо итно и дека безбедноста не е загрозена.