Италијански колач со јаболки – едноставен и вкусен!

508

Овој колач е многу едноставен за подготовка и многу вкусен. Јаболката му даваат посебен вкус, па затоа не „штедете“ на нив, можете да додадете малку повеќе од пропишаната доза. За негова подготовка ќе ви бидат потребни следните состојки:

180 гр брашно
 4-5 јаболки
130 гр шеќер
 50 гр путер
1/2 кесичка прашок за пециво
2 жолчки
130 мл млеко
прстофат сол

Подготовка:
– Жолчките изматете ги со шеќерот додека да се растопи шеќерот.

– Растопете го путерот и оставете да се излади. Половина додадете го во претходно изматената смеса. Додадете го и млекото и измешајте.

– Додадете прстофат сол, брашно и прашок за пециво. Убаво измешајте.

– Калапот во кој ќе го печете колачот прекријте го со хартија за печење и сипете ја смесата.

– Излупете ги јаболките и исецкајте ги на кришки. Наредете ги вертикално на тестото. Што повеќе јаболки ставите, тоа колачот ќе биде повкусен.

– Одозгора полијте со преостанатиот путер и посипете со 3 лажици шеќер.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30-35 минути или додека не порумени.