Ерос Рамацоти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, вечерва одржува концерт во А1 Арената во Скопје. Популарниот италијански мајстор на романтичната мелодија пред македонската публика го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e“, којшто ќе излезе на 23 ноември. На публиката низ песна и пренесе љубов и емоции, а таа му возврати со овации и аплауз.

Публиката во преполната Арена, ужива во добро познатите хитови на Рамацоти, Cose della vita, Adesso tu, Occhi di speranza, Terra promessa, Una storia importante…На концертот на италијанскиот романтичар се забавуваат и претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета.

Фото: Звонко Плавевски