Малдини доби „Златен тапир” за „успесите” на Милан

101

Една од легенди на светскиот фудбал и спортски директор на Милан, Паоло Малдини го доби „Златниот тапир” поради лошите резултати на „росонерите”.

Милан загуби со 1-3 на домашен терен од Фиорентина во шестото коло и останува на 16-тото место во пласманот со само 6 бода од почетокот на сезоната, а Малдини беше „награден” со „Златен тапир”, награда кој во Италија се доделува на личностите кои на некакво начин доживеале понижување во текот на изминатата недела.

– Не сме биле на ниво што треба да го следиме многу години. Многу е болно за секој што го сака клубот и го сака најдоброто за него, рече Малдини.

Во минатото, на „Златниот тапир” се „радувале” имиња како Џанлуиџи Буфон, Џанлуиџи Донарума, Даниеле Де Роси…