ИСТРАГА ЗА БОИНГ: Откриена лоша поврзаност на безбедносните системи во компанијата

238

Нова истрага што ја бара американската влада за Боинг предизвика загриженост за безбедносните системи на компанијата.

Последниот преглед откри лоша комуникација меѓу повисокото раководство и редовниот персонал, како и дека безбедносните правила на однесување не биле ефективно имплементирани низ компанијата, објави Би-Би-Си.

Извештајот е нарачан по падот на авионот Боинг во 2018 и 2019 година, во кој загинаа 346 луѓе, по што американската компанија вети дека ќе ги разгледа наодите.

– Направивме важни чекори во однос на безбедносната култура, иако има уште работа, соопштуваат од компанијата.

Еден од двата најголеми светски производители на авиони беше под дополнителен притисок откако помошна врата падна на сред лет на авион Боинг 737 Макс 9 во сопственост на Алјаска ерлајнс на 5 јануари на линијата Сиетл-Сан Диего.

Тесно беше избегната сериозна штета, но инцидентот ги оживеа прашањата за производствените процеси на Боинг, пет години по несреќите, и доведе до обвинувања дека компанијата го става профитот пред безбедноста при изградбата на своите авиони.