Исповед на преживеана Украинка во Валенсија: „Го грабнав синот и пасошите и истрчавме на улица“

103

Жена која била во една од станбените згради кога избувнал пожарот во комплексот во Валенсија и успеала да побегне, за Би-Би-Си го раскажала трауматичната случка и како успеала да излезе со својот син.

Гала Котова е Украинка, а од војната таму побегнала пред две години.

„Бев на тераса и зборував на телефон кога го забележав чадот. Стануваше се погуст и погуст.

Таа рече дека го повикала келнерот, кој сè уште не знаел за пожарот, бидејќи нејзиниот шпански не бил доволно добар за да ја повика пожарникарската служба. Додала дека се облекла во што нашла, го грабнала синот и нивните пасоши и истрчала на улица.

„Сè брзо гореше, а ветерот помогна огнот брзо да се прошири по зградата“, рече таа.

За потсетување, огромен пожар избувна синоќа во 14-катница во Валенсија. Покрај 5-те загинати, 15 лица се водат како исчезнати. Пожарот зафатил две згради во кои живеат околу 450 луѓе. Блокот кој беше опустошен од пожар во шпанскиот град Валенсија се наоѓа на северозапад од градот. Комплексот се состои од два соседни блока во населбата Кампанар, опишани од еден локален жител како „убав“ и „тивок“.

Експерт за пожарот во Валенсија: „Ваква фасада лесно гори и произведува отровни гасови“