Инцидент во основно училиште во Ниш: Наставничка била полесно повредена откако првоодделенец ја удрил со клоци

336
Фото:пекселс/Катерина Холмс
Наставничка од основното училиште „Лела Поповиќ“ во Миљковац покрај Ниш е полесно повредена денеска кога, според неофицијални информации, ја клоцнал ученик од прво одделение.
Наставничката била превезена со возила на Брза помош до Универзитетскиот клинички центар, а откако ѝ била укажана помош, била пуштена на домашно лекување.
Во Полициската управа во Ниш потврдија дека инцидентот им бил пријавен и дека за тоа го известиле Вишото јавно обвинителство и Центарот за социјална работа.
Шефот на училишната управа Предраг Нешовиќ изјави дека е информиран за инцидентот.
 „Наставничката е добро. За дополнителни информации би можеле да се обратите кај Министерството за образование“, изјави Нешовиќ.
Вишото јавно обвинителство исто така потврди дека се известени за случајот“, но дека не можат да соопштат детали.