Иницијатива на Народниот правобранител за промени за лекувањето во странство по случајот со Леонид

26

На иницијативата за промена на Законот за здравственото осигурување и одредбите од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство ќе почне да се работи неделава, најавија од кај Народниот правобранител откако на младиот Леонид Индов му беше одбиено барањето за рехабилитација во Виена од страна на ФЗО.

Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации.

Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“  е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид. Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука.

Андоновски додава ова не е единствениот ваков случај, каде ФЗО потфрлил.

Таткото на Леонид, Бранко Индов најави дека деновиве  ќе поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО. Андоновски посочува дека веќе контактирале со семејството и им дале насоки и совети и очекуваат второстепената комисија на ФЗО да ја прифати жалбата.