Индијци, Филипинци и Непалци веќе работат во повеќе сектори во Србија, Албанија, Бугарија…

Дефицитот на стручен кадар во земјава се продлабочува. Овој проблем е сериозна закана за работењето на домашните компании и го намалува интересот и од странските компании за инвестирање во нашата држава, коментираат експертите. Надлежните треба да се зафатат со решавање на овој проблем, односно да го решат проблем со работата на црно и да ги олеснат процедурите за вработување на странци. Земјите во регионот кој, исто така, се соочуваат со овој проблем се отидени многу подалеку од нас, односно таму веќе е влезена странска работна сила во повеќе сектори. Индијци, Филипинци, Непалци веќе на големо работат во соседните земји

114

Дефицитот на стручен кадар во земјава се продлабочува. Овој проблем е сериозна закана за работењето на домашните компании и го намалува интересот и од странските компании за инвестирање во нашата држава, коментираат експертите. Надлежните треба да се зафатат со решавање на овој проблем, односно да го решат проблем со работата на црно и да ги олеснат процедурите за вработување на странци. Земјите во регионот, кој исто така се соочуваат со овој проблем, се отидени многу подалеку од нас, односно таму веќе е влезена странска работна сила во повеќе сектори. Индијци, Филипинци, Непалци веќе на големо работат во соседните земји.

Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија за весникот ВЕЧЕР вели дека ние треба прво да ги решиме внатрешните проблеми, односно дисторзиите на пазарот на труд, па потоа да видиме колку и каква работна сила ни е потребна.

-Треба да го расчистиме проблемот со работна сила на црно и да видиме колку работат на црно и колкава е точната бројка на невработени. Светските организации постојано укажуваат на фактот дека во државата 35 до 40 отсто е сива економија. Сивата економија вработува луѓе, дел од нив се вработени на црно, а дел се надвор од државата а ние ги водиме како невработени. Над 45 илјади лица се евидентирани како невработени, а се надвор од државата што е голема бројка, вели Димитров.

Според него, државата исто така треба да ги олесни процедурите за добивање на дозволи за престој и дозволи за вработување на странци. Се проценува дека во државата се потребни над 10 илјади работници.

-Заостануваме во однос на вработување на странска работна сила. Владата не направи ништо во однос на олеснување на процедурите за увоз на работници. Треба и да се поедностават процедурите, кои траат повеќе месеци, а на компаниите им се потребни работници веднаш. Постапката од изборот на работници до потпишувањето на договорите за нивното вработување и доаѓање на работа во земјава треба да биде едноставна и брза, објаснува Димитров.

Тој вели дека не можеме да привлечеме странски инвестиции во услови кога и домашните компании кубурат со квалификувана работна сила.

Според анализата на Агенцијата за посредување при вработување „Коузон“, во земјите од регионот значително се зголемува бројот на работни дозволи издадени на странци. Така, во Грција бројот на работни визи на странци надминал 167.000, во Бугарија само лани се издадени речиси 40.000 работни визи, во Србија 35.000, а во Албанија се издадени скоро 20.000 работни визи на странци.

Растечката бугарска економија се соочува со недостиг на квалификувана работна сила во некои сектори, како што се градежништвото, туризмот, фармацевтската индустрија, транспортот и логистиката, што го ограничува растот. Мигрантите веќе се бараат како работна сила во многу бугарски фирми. Според БЦЦИ, постои можност да се склучи договор меѓу Бугарија и Индија партнерство за миграција и мобилност за да се олесни пристапот на граѓаните од трети земји до бугарскиот пазар на трудот. Ваквиот договор особено ќе им помогне на бугарските компании кои бараат квалификувани вработени работници.

Србија, веќе ги поедностави процедурите за вработување на странци и воведе едношалтерски систем со цел да го забрза процесот на издавање дозволи за престој и работа на странци.

Недостигот на работна сила во индустријата за облека и обувки, како и во туризмот ја натера албанската Влада да преземе дополнителни мерки за да гарантира непречено функционирање на овие бизниси. За да ги задоволи овие потреби, извршната власт е во завршна фаза на потпишување договор за увоз на квалификувани работници од странство.

Во меѓувреме, се дознава дека од овој договор се очекува во Албанија да пристигнат околу 40.000 квалификувани работници од Филипините.

-Договорот се очекува да биде одобрен во јуни од албанската Влада. Од овие вработени, 15.000 од нив се очекува да бидат вработени во преработувачкиот сектор, додека останатите ќе бидат вработени во туризмот и другите сектори од економијата погодени од кризата од недостиг на домашна работна сила, изјави генералниот директор за вработување и стручно образование во Министерството за економија, Албин Гега.

Филипинците се избрани бидејќи е земја за чии државјани Албанија не служела како транзит за илегални имигранти во западните земји.

(А.С.)