Ракометната репрезентација на Египет се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако одигра нерешено 25:25 со селекцијата на Словенија. Домаќините катастрофално го отворија натпреварот и за 30 минути успеаја да постигнат само осум гола. Но одиграа неверојатно добро во второто полувреме и на крајот стигнаа до златно вреден бод кој ги однесе до четвртфиналето.

Норвешка меѓу осумте најдобри на шампионатот се пласира откако го победи Исланд со 35:33. На Норвежаните работа им завршија и Французите кои ја совладаа Португалија со 32:23. Сагосен со девет гола повторно беше најдобар кај Норвешка, додека кај Исланд се истакна Елисон со шест гола.

Шведска истот така се пласираше во четвртфиналето откако полесно од очекувнаото ја совлада русија со 34:20.

Досега во четвртфиналето место обезбедија и селециите на Унгарија, Шпанија и Данска, а за последното место меѓу осумте најдобри во конкуренција се Хрватска,  Аргентина и Катар.

Првата мора да ја победи Данска, а Аргентинците ќе треба да слават над Катар. Доколку Катар победи во овој дуел ќе има исто бодови со Аргентина и со подобра гол разлика ќе замине во четвртфиналето. Но за ова треба да биде исполнет и условот Данска да ја победи Хрватска.  

Табела- Група 2: Данска 8, Аргентина 6, Хрватска 5, Катар 4, Јапонија 1 и Бахреин 0