Избрана најдобрата европска дестинација за 2024: Изненадување или поттик конечно да ја посетите оваа шпанска убавица

179

Ако сакате да патувате некаде каде што е сончево и топло оваа пролет, но не сакате да се оддалечите премногу од Европа, овој шпански град за кој сигурно сте слушнале треба да биде на врвот на вашата листа.

Новата анкета во која гласале над милион посетители покажува дека Марбела во Шпанија ги победила местата како Фиренца, Рејкјавик и Лондон за најдобра европска дестинација во 2024 година, пренесува Метро.

Париз, градот на љубовта и романтиката, не влезе ниту во топ 20, а ниту една грчка или португалска дестинација не се најде на листата.

Лаура Еванс-Фиск, шефица на дигитален ангажман во eurochange, објасни зошто толку многу луѓе, особено Британците, сè уште се воодушевени од толку масовно популарна дестинација. Таа објаснува дека времето кога Марбеља беше место каде доаѓаа само супербогатите, е одамна поминато.

„Марбеља е одлична „сеопфатна“ дестинација“, вели таа за Metro.co.uk. Покрај прекрасните плажи и пристаништа, има неверојатен асортиман на храна и пијалоци, фантастични продавници, музеи и уметнички галерии.

Лаура го нарекува тоа класичен шпански одмор „со малку повеќе пари“, додавајќи дека иако можете да го посетите ова туристичко место во секое време од годината, октомври и ноември изгледаат идеални поради температурите, со врвот на летото од 31°C.

Има неколку прекрасни приватни вили на оваа шпанска ривиера, што ја прави идеално место за релаксирачки одмор за целото семејство.