Изречени 186 санкции за брзо возење

46

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 102 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.