Израелско Обвинителство: Поднесено обвинение против Нетанјаху поради корупција

115

Државниот обвинител на Израел денеска соопшти дека против премиерот на таа земја Бенјамин Нетанјаху поднесено е обвинение поради корупција.

– Нетанјаху, по двогодишна истрага, се товари за мито и корупција, измама и повреда на довербата, рече државниот обвинител.

Нетанјаху, кој го служи третиот последователен и вкупно четврти мандат на позицијата премиер на Израел, ја негира вината. Тој тврди дека против него се води „лов на вештерки“, со цел да биде сменет од власт.

Ова е прв случај во историјата на Израел актуелниот премиер да е обвинет за кривични дела.