Адеми оствари средба со рускиот амбасадор Баздникин, поздравувајќи ја досегашната одлична соработка

187

Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјата Сергеј Баздникин.

– На средбата соговорниците се согласија дека Република Северна Македонија и Руската Федерација имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата, соопштија од Министерството за култура.

Адеми на средбата се заблагодарил за поддршката за културата што ја дава Амбасадата на Руската Федерација, изразувајќи уверување дека македонско-руското партнерство и понатаму ќе продолжи да се развива и да се унапредува.

– Досегашната соработка со Руската Федерација е на одлично ниво со континуирано претставување на македонските културни вредности во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои руската култура се претставува пред македонската публика, посочија од Министерството за култура.

Наведоа дека освен на билатерален план, постои одлична соработка и на мултилатерален план, во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, каде се реализираат многу заеднички проекти и активности со кои, како што рекоа, ќе се зачувуваат културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки.