Измамникот од Тиндер повторно уапсен: никако да се откаже од жените и лажните идентитети

98

Сајмон Хајут е уапсен со документи на кои пишува Мајкл Билтон додека возел Масерати од 80.000 фунти, а во негово друштво била и непозната жена.

Иако целиот свет е свесен за неговите измами, Симон очигледно не се откажува од таквиот начин на живот.

Измамникот од апликацијата за запознавање „Тиндер“, кој на многумина им е познат под лажното име Сајмон Леви, уште еднаш е уапсен поради користење лажен идентитет, а особено интересно е она што се случи.

Измамникот од Тиндер, за кого Нетфликс сними и документарец, би можел да се соочи со нова затворска казна откако користел лажна возачка дозвола во Шпанија.

Овој пат Хајут е уапсен со документи на кои пишува Мајкл Билтон додека возел Масерати од 80.000 фунти, во друштво на непозната жена. Полицајците го препознале поради документарецот кој стана хит.

Познатиот измамник е пуштен на слобода, а против него е покрената кривична истрага.

Инаку, во филмот „Tinder Swindler“ се прикажува како Хајут намамувал жртви преку оваа апликација и на тој начин ги оштетил за десет милиони долари само во 2017 година. По оваа онлајн измама, Хајут бил уапсен во Грција каде користел лажен пасош и е екстрадиран во Израел, каде што е роден.

Тој беше осуден на вкупно 15 месеци затвор пред Судот за магистрации во Тел Авив за употреба на лажни документи. Познатиот измамник потоа беше ослободен од затвор по отслужување на пет месеци од казната, во мај 2020 година.