Во изложбениот простор „Галерија МКЦ“, на 23 февруари (петок) во 20 часот, ќе биде отворена ликовната изложба со наслов „Кобалт синергија“. На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видеоролна и две видеоарт остварувања на учесникот во проектот, Симон Гегај. Во содржината на видеоролните се и концепциските опсервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот, г-ѓа Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела, критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт синергија“, новинарката и главен уредник на Редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје вели: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја), како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот, кој не опстојува во праволиниско течение.“

Изложбата ќе трае до 3 март.