Изложба „Бисери на резбата во Кумановско“ на Славица Крстиќ

33

„Бисери на резбата во Кумановско“ е насловена изложбата на авторката Славица Крстиќ која ќе биде презентирана денеска во Занаетчискиот дом.

Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 52 колор фотографии со детали од дрворезба, проследени со оригинални експонати од царски двери, нафора, рипиди, делови од голем крст со дракони, розета од таваница и една споменична скулптура.

– Опфатени се сите цркви во Кумановско, скоро 40-тина градени во периодот од 16 до 20-тиот век. На изложбата ќе бидат презентирани и 13 автентични експонати, изјави авторката Славица Крстиќ, која е советник документатор и историчар на уметност.

На изложбата ќе бидат презентирани и експонати позајмени од Галеријата на икони од старата црква од Куманово.