Владејачката партија Грузиски сон води на денешните парламентарни избори во Грузија, според четири излезни анкети по затворањето на избирачките места.
Обединетиот сон веќе прогласи победа на изборите, кои се сметаат за тест за кредибилитетот на владејачката партија.
Според анкетите, опозициското Обединето национално движење е на второ место, а неколку други опозициски партии го поминаа прагот од еден процент.
На изборите учествуваат 48 партии и две коалиции. Изборите се одвиваат под мешан систем: 120 кандидати ќе бидат избрани во Парламентот на пропорционална листа и уште 30 од мнозинска.
Извор:МИА