Стартуваше новата сезона во Првата кошаркарска лига, и воедно се случи првото изненадување, кое го приреди екипата на Академија ФМП. Домаќинот славеше над фаворитот Гостивар со 84:75.

ФМП предводен од плејмејкерот Крстајиќ го отвори мечот со серија од 6:0, а потоа се одеше како подемачкано за домаќините. Првата четвртина ја добија со 24:15, а потоа на одмор заминаа со плус 15, кои на крајот се покажаа и клучни.

Во вториот дел ФМП го контролираше резултатот и на гостите им дозволи само еднаш да се доближат до едноцифрена негатива.

Крстајиќ беше најефикасен во тимот од Кисела Вода со 23 поени и 6 асистенции, 18 поени постигна Херис, а 12 Лука Петровски. Кај Гостивар најефикасен во денешното очајно издание на гостите беше Армстед со 19 поени и 7 асистенции.

Во вториот меч за денеска, Куманово славеше на гостувањето во Скопје против дебитантот ТФТ со 83:82.

Андрејевиќ со 16 поени и 8 скока беше прв стрелец кај победникот, два поени помалку имаа Марковски и Цариќ, кај домашниот тим, Андерсон запиша 20 поени.

ФОТО: Петр Стојановски