Извлечени групите за ЕП 2024:Албанија во „групата на смртта“

1207

Вечерва во Хамбург беа извлечени групите за Европското првенство во Германија следната година.Ждрепката беше немилосрдна па така во иста група се паднаа Хрватска и Албанија, Франција и Холандија.

Состав на групите:

ГРУПА А: Германија, Унгарија, Шкотска и Швајцарија
ГРУПА Б: Шпанија, Албанија, Хрватска и Италија
ГРУПА Ц: Англија, Данска, Словенија и Србија
ГРУПА Д: Франција, Австрија, Холандија и победник во плеј-офот
ГРУПА Е: Белгија, Романија, Словачка и победникот од плеј-офот
ГРУПА Ф: Португалија, Турција, Чешка и победник во плеј-офот
Од 21 до 26 март ќе се играат натпреварите од плеј-офот за уште три места на ЕП.

Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година во Германија, а титулата ја брани Италија која на претходниот шампионат во финалето на Вембли во Лондон ја совлада Англија.

Шампионатот ќе биде отворен на 14 јуни во Минхен со дуелот меѓу Германија и Шкотска, а финалето ќе биде на 14 јули во Берлин.

Германија и Шпанија по три пати беа шампиони на Европа, двапати Франција.